Зачекорете посмело во Новата година и погледнете го појасно светот околу себе со прогресивните стакла Varilux!

Зошто се прогресивните стакла најдобар избор?

Затоа што само со еден пар очила ќе гледате јасно насекаде и секогаш, со нив ќе можете да читате, да гледате во мобилниот, да работите на компјутер, да гледате ТВ или да возите.

Не мора да купувате два пара очила, не треба да ги менувате очилата туку прогресивните стакла ќе ви го заменат вашиот природен вид како што сте гледале пред да носите очила.

Новите технолошки достигнувања на Varilux обезбедуваат природен и удобен вид без никакво ограничување: не треба да барате позиција за читање, не треба да се грижите кога слегувате по скали, немате замаглен вид кога гледате на страна.

Брзо се прилагодуваат и брзо се фокусираат на предметите околу вас. Даваат динамичен и неограничен вид со висока резолуција во било кои светлински услови и во сите ситуации со дигитална прецизност на гледање на сите растојанија.

Можат да бидат прозирни ,но и фотоосетливи со цел да се затемнуваат надвор и да се осветлуваат внатре за да ја контролираат автоматски светлината.

Ако ги дополните вашите Varilux очила со Crizal Prevencia за заштита од модрата штетна светлина, ќе добиете природен вид со оптимална заштита на вашите очи.

Резервирајте бесплатен преглед на видот уште денес.

Ве очекуваме во Рамстор Мол!

Оптика Окулиста – Гледај поквалитетно – види подобро!