Сите го сакаме летото, топлите денови, морето, езерото, базените. Но, дали знаете дека летото носи голем ризик за инфекција на самото око? Од голема важност е да знаете како да ги заштитите очите во текот на летните денови.

За среќа, многу мала грижа околу очите за време на летните денови може да донесе резултат. Доколку сакате да ги заштитите своите очи од болка или долготрајни последици, задолжително прочитајте ги нашите советите како да ги заштитите вашите очи во летните денови.

  • Добри очила за сонце во летните денови

Неизбежни за време на летото се очилата за сонце. Очилата за сонце ве штитат од UV зрачењата и од сончевите зраци, што значи помалку мижење и болки во очите. Исто така, очилата за сонце помагаат при главоболка, мигрена, заматен вид и други секундарни ефекти кои се појавуваат како последица од сонцето.

UV зрачењата се штетни по нас и нашите очи. Иако не е докажано дека изложувањето на сончевите зраци може да предизвика макуларна дегенерација или катаракта, ние би ви препорачале да бидете внимателни. Можеби нема да се појави катаракта, но  зрачењето од UV-A и UV-B може да донесе одредени опекотини на окото и на кожата околу окото.

Опекотините на очите се нарекуваат фотокератитис. Тоа е привремена опекотина, но може да е многу болна.

Следуваат неколку совети како да ги одберете вашите очила за сонце:

  • Очилата да имаат заштита од отсјај (polarized) и да заштитуваат од UV-A и UV-B зрачења.
  • Колку поголеми, толку подобро. Големите очила за сонце не дозволуваат било каква светлина да допре до вашите очи.

Од голема важност е да се знае фактот дека облачноста не заштитува од UV зрачења. Поради тоа од периодот од 10 до 17 часот е важно да носите очила за сонце.

Исто така како дополнителни совети би биле:

  • Носење на капа, шапка, нешто што ќе ви ги заштити очите и главата истовремено.
  • Не се изложувајте на сонце доколку имате сенка во близина. Сенката ви дава дополнителна заштита.
  • Носењето заштитна опрема додека пливате е од голема важност.

    Без разлика дали станува збор за базен, море или езеро, водата може да им наштети на незаштитените очи.

На пример, во базените се користи голема количина на хлор. Иако хлорот помага во уништување на бактерии во самиот базен, хлорот знае да ги иритира вашите очи и да ви предизвика чешање и црвено око. Поради тоа е добро е да не нуркате и да ги држите очите отворени.

Доколку пак пливате во море или езеро на пример Охрид, ризикот доаѓа од песокот кој е во езерото и самите инфекции кои плутаат низ езерото.

Во секој случај, најдобро решение е заштитни очила додека пливате или нуркате.

  • Извадете ги контакните леќи пред да влезете во вода

Главен проблем кога носите контакни леќи додека пливате или сте во вода е лепењето на бактериите и микроорганизмите на самите контакни леќи или помеѓу окото и контакната леќа, кои инаку не би ви пречеле. Ова ја зголемува појавата на опасна инфекција која може да се појави на окото.

Доколку не можете да пливате без контакни леќи би било корисно да носите очила за нуркање над нив, со тоа што контакните леќи ќе ги фрлите и нема да ги употребувате повеќе.

Не ги одложувајте вашите очни проблеми, само поради тоа што сте на одмор!

Откако го прочитавте целиот блог, мора да запаметите дека имате само еден пар очи. Грижете се за нив соодветно дадеите совети. Доколку не можете да ги вадите контакните леќи или да носите очила додека пливате, тогаш направете  ласерската корекција на диоптрија, отстранете го диоптерот и намалете ја можноста за инфекции ова лето.